Папата Фрaнциско предупреди дека климатските промени би можеле да го уништат човештвото и ги повика шефовите на нафтените и гасните индустрии да му помогнат на светот да се пренасочи кон чисти горива за да се избегне катастрофа.
„На цивилизацијата ѝ е потреба енергија, но користењето енергија не смее да ја уништи цивилизацијата“, им кажа папата на извршните директори на водечките нафтени компании на дводневната конференција во Ватикан.
Климатските промени се предизвик од „епохални размери“, рече папата, додавајќи дека на светот му е потребен таков вид енергија кој ќе го победи загадувањето, ќе ја искорени сиромаштијата и ќе ја промовира социјалната правда.
Тој посочи дека денешните предизвици се меѓусебно поврзани и дека ако ги елиминираме сиромаштијата и гладот, повеќе од една милијарда луѓе кои денес се без електрична енергија треба да добијат пристап до таа енергија.
„Нашата желба да обезбедиме енергија за сите не смее да води до несакан ефект на спирала на екстремни климатски промени поради катастрофалниот пораст на глобалните температури, посуровите животни средини и зголемувањето на сиромаштијата“, рече папата, пренесе Ројтерс.
На конференцијата на Понтификалната научна академија учествуваа и лидерите на Ексон мобил, ЕНИ, Бритиш петролеум, Еквинор, Оксидентал Петролеум и инвеститорите од Блек рок и други банки.
Нафтената и гасната индустрија се под се поголем притисок од инвеститорите и активистите за да го зголемат својот придонес во намалувањето на емисиите на стакленичките гасови за да ги исполнат целите поставени во Парискиот климатски договор од 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


