| четврток, 6 декември 2018 |

Повредени 26 лица во сообраќајка меѓу две комбиња и камион

На магистралниот пат Кочани- Штип утринава околу 06.00 часот се случила сообраќајна несреќа меѓу две комбиња и камион. Со повреди од сообраќајката се здобиле дури 26 лица кои побарале помош во Медицинскиот центар во Кочани.

„Помеѓу селата Чешиново и Кучичино се случила сообраќајна незгода помеѓу две комбиња “Фиат Дукато“, со штипски регистерски таблици, “Форд транзит“ со кочански регистарски таблички, како и товарно моторно возило “Сканија“ исто така со кочански регистерски таблици. До сега се пријавени 26 лица со повреди и истите биле префрлени во Медицинскиот центар во Кочани. Увидот е во тек и сообраќајот се пренасочува преку селото Чешиново“, велат од полицијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top