| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка во центарот на Скопје – мотор се судри со велосипед, едно лице со тешки повреди на Клинички

Во текот на вечрашниот ден во 14:05 часот на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ моторцикл „Априлија“ со скопски регистерски таблици управуван од од 36 годишниот М.Д.од Скопје удрил во велосипед управуван од 71 годишниот С.С. од Битола.

Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Кај М.Д. констатирани биле телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top