| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје е ,,до гуша” во вода, Шилегов и СДСМ уште се во опозициски сон

Поради недостаток од атмосферска канализација, невремето и дождот во Скопје, денеска, повторно оставија хаос зад себе. Паднати дрвја, билборди, поплавени улици, подруми, приземја од станбени објекти.

Поплавени се и подвозниците. Речиси цел град е во вода ,,до гуша”-поплавени беа главните булевари, кои се под Град Скопје, особено сервисните улици во надлежност на општините.
Под вода се сите населби: Карпош, Центар, Чаир, Кисела Вода, Аеродром…

Летаа кровови во скопски Аеродром – граѓаните гневни (фото)

Зошто ова се случува на секој пороен дожд ?
Бидејќи, само една третина од главниот град е покриен со атмосферска канализација. Главните булевари се речиси 100 отсто со атмосферска, но од она што може да се види на секој пороен дожд, тие немаат капацитет за примање на големи количества дождовница. Особено онаа која доаѓа од споредните улици, кои немаат ваков вид канализација и со години се во катастрофална состојба.

Што остана од боемската улица на Жерновски?! Скршени дрвја, срушени тенди (фото)

Општинските градоначалници не се ажурни во решавање на овој проблем. Поточно, ретко кога се фаќаат во коштец со капитални проекти, важни за граѓаните.

Илинденска блокирана – дрво падна од невремето (видео)

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, се` уште не се огласил во јавност да каже кога и каде има намера со неговите колеги од СДСМ да почнат да градат нова канализација.  Односно кога сериозно ќе почнат да ги решаваат проблемите на скопјани заради кои беа избрани и ја добија поддршката на локално ниво во цел град, а претходно и централната власт.

Новиот проект на Златко Марин, Аеродром 2018 – населбата стана Венеција (видео)

Извор: Јоци.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top