| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот сдсмовски министер за финансии: 0,1% раст на БДП значи стагнација на економијата, односно на граница на рецесија

Вчера на емисијата „360“ на Алсат телевизија гостуваше Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министер за финансии. Коментирајќи ги актуелните податоци кои беа објавени на страната на Државниот завод за статистика во врска со растот на БДП во првиот квартал кој изнесува поразителни 0,1%, Поповски кажа дека ваквиот раст бил изненадувачки за сите посебно поради фактот дека растот е многу низок односно фактички е 0 и значи стагнација. Според него, македонската економија е на граница на рецесија.

Поповски потенцираше дека многу позагрижувачки е фактот што споредбено со првото тромесечје во 2017 кое исто така беше нула во сите останати 3 тромесечја имаше стагнација на економија која се движеше околку нулата.

– Тоа значи дека втора година имаме 0 % стапка на раст или ако се врзат по тромесечија ова е 5 тромесечије во кое имаме 0 % на раст што е алармантно, изјави Поповски.

Исто така тој истакна дека никој не очекувал ваквата предизвикувачка болна стагнација која се случуваше во цела 2017 година дека ќе се продолжи и во првото тромесечје од 2018.

– Уште поопасно е тоа дека ние сега не знаеме што ќе се случи во кварталот кој сега за 20 дена завршува кажа Поповски.

Поповски во емисијата објасни дека владата води премногу интервенционистичка политика во економијата и дека пазарите се замрзнати. Тој изрази загриженост поради фактот што сите економии во светот и развиени, неразвиени и зејмите во развој растат во економска смисла додека Македонија стагнира веќе втора година по ред. Поповски кажа дека владата не се снашла најдобро во поволното економско окружување посебно поради фактот дека Европската Унија растеше со 2,5 % а Македонија е најмногу извозно ориентирана кој овој регион.

Тој додаде дека проектираниот раст од 3,2 % за 2018 во реалноста тешко дека ќе се постине со овие резултати од првото тромесечје. Имено, како што кажа поранешниот министер и професор за да има раст од 3,2 % на крај на 2018 тогаш останатите 3 квартали ќе треба да растат по 4, 2 % што никогаш досега не се случило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top