| четврток, 6 декември 2018 |

Како викендот да ви трае подолго?

Сакате викендот да ви трае подолго? Еве што треба да направите:

Завршете ја седмицата порано

Во петок потрудете се сите свои обврски на работа да ги завршите до 16 часот. Ако мислите дека нема
да стигнете, останете во среда или четврток малку доголго на работа. Можеби ви се чини како нешто
што не е толку важно, но верувајте дека неколку часови може многу да ви значат.

Испланирајте си го викендот

Треба да бидете спонтани и да не размислувате за тоа што ќе правите во сабота и недела, но ако
испланирате барем дел од викендот, ќе се изненадите колку време може да заштедите. Искористете го
викендот паметно, немојте да си поставувате пренатрупан распоред со активности, затоа што така
нема да се одморите.

Разбудете се порано

За време на викендот сите сакаат да спијат подолго. Но, доколку се разбудите во сабота или недела,
попладне, ќе имате чувство дека пола од викендот веќе завршил. Поради работните обврски во текот
на неделата, вие за викенд брзате да ги завршите сите приватни обврски. Ова звучи заморно и
навистина е. Затоа, за да си дозволите опуштен викенд без рокови и трчање, разбудете се порано и
одвојте неколку часови да го правите она што ве развеселува и инспирира, читајте, медитирајте,
дружете се со пријателите или едноставно одмарајте.

Искусете нешто ново

Според повеќе истражувања се докажало дека нова активност придонесува времето побавно да
минува.Затоа потрудете се за викенд да организирате активност која до сега не сте ја правеле.

Немојте да работите или барем не претерувајте

Успешните луѓе неретко мораат да работат и за време на викендите. Дури и ако тоа не е неопходно,
многумина од нас го проверуваат службениот меил, за да не пропуштат нешто. Воздржете се од ова.
Потрудете се минимално да размислувате за работата и соберете енергија, за да влезете во новата
работна недела полни со елан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top