| четврток, 6 декември 2018 |

Девојките се тетовираат за да личат на Меган Маркл (ФОТО)

Меган Маркл во моментов е една од најпопуларните жени на светот. Се што ќе облече се распородава за една минута, а многу девојки го копираат и нејзиниот физички изглед.

По кралската свадба, на која невестата Маркл ги покажа пегите, многу жени станаа горди на своите и престанаа да ги кријат со слоеви пудра. На Инстаграм се појави нов тренд – едни девојки гордо ги покжауваат пегите, а други одат подалеку, па ги прават пегите што ги немаат.

Прво го правеле тоа со кана, која избледува по неколку дена, а сега се тетовираат. До пред неколку години девојките ги вадеа пегите, а сега сакаат да ги направат.

Тату мајстор од Монтреал Габриел Реинбоу открива дека во последно време ѝ доаѓаат жени кои сакаат да тетовираат пеги.  Таа предупредува дека жените често не разликуваат тетоважа од трајна шминка, па треба добро да се информираат пред да се решат да носат пеги неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top