| четврток, 6 декември 2018 |

Невидено невреме во Словенија и Хрватска: Тениски топчиња паѓаат врз колите (ВИДЕО)

Силно невреме ја зафати денеска Словенија и источна Хрватска, а во текот на вечерта се очекува облаците да се поместат кон исток.

Словенечкиот метеоролошки завод го подигна нивото на највисоко црвено, пренесува Хина.

Локалните словенечки медиуми пренесуваат дека најлошо било на границата со Хрватска.

Невремето уништило автомобили и кровови, а голема штета е направена и на земјоделските површини.

Според словенечките медиуми станува збор за атипична бура која се јавува само неколку пати годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top