| четврток, 6 декември 2018 |

Никој не знае што се случува – повторно мистериозна болест кај дипломати од САД

Американската администрација издаде второ предупредување за своите граѓани, откако мистериозна болест се појави кај американските дипломати во нивната амбасада во Кина, слично како кај оние на Куба.

Стејт департментот веќе мораше да повлече дел од дипломатите од конзулатот во јужниот кинески град Гуанџу.

Американсците побарале медицинска помош поради необични здравствени проблеми, а целиот случај потсетува на оној во Куба, кога дипломатите почнаа да се жалаат на вртоглавици, депресија, јаки главоболки. САД спроведува дополнителни тестови за да утврдат од што боледуваат нивните вработени.

Инцидентот предизвика страв дека случајот од Куба во 2016 година, може да се прошири и на другите земји. Кина соопшти дека нема сознанија како може да се реши мистеријата, но велат дека ако САД побара ќе спроведат истрага за да го откријат причинителот.

САД не соопшти колку дипломати се повлечени од конзулатот во Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top