| четврток, 6 декември 2018 |

Finance Thnik: Фокусот да биде ставен на економијата и заживување на растот

Економскиот раст од само 0,1 процент во првиот квартал од годинава според Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ се должи на тоа што минатата година економијата во целост била ставена во заден план.

Оттаму посочуваат дека на позитивната страна, извозот продолжува да расте со слично темпо како и претходно, главно воден од активностите во економските зони, додека на негативната страна, падот кај бруто инвестициите продолжува да биде значаен (-9 проценти), додека падот во градежништвото е рекорден досега (-37.2 проценти).

– Особено е загрижувачки што раст нема во првиот квартал годинава, дури и при многу ниска споредбена основа од 2017 година (кога растот изнесуваше 0 отсто), велат од „Finance Think“.

Главните двигатели на отсуство на растот, како што наведуваат, се запирањето или забавувањето на важните инфракструктурни проекти и забавеноста во реализацијата на странските инвестиции.

– Дополнително загрижува растот на потрошувачката на домаќинствата (2.3%), во услови на пораст на платата кај сегменти од населението кои се повеќе склони кон потрошувачка, посочува „Finance Think“.

И покрај ваквите движења кај БДП, стапката на невработеност бележи понатамошно намалување и тоа според „Finance Think“ се должи на исцрпување на ефектите од претходните политики односно вработувањата во странските фабрики и активните мерки за вработување.

Од „Finance Think“ сметаат дека сега од кога било претходно е потребен владин фокус врз економијата и повторно зажувување на растот. Фокусот, како што наведуваат, мора да биде ставен врз тоа како да се креира нова вредност во економија, главно преку мерки за поттикнување на домашните и странските инвестиции и извозот.

Сподели

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top