Готвачот Ентони Бордејн (61) кој денеска се самоуби во Франција со години бил зависник од дрога, а како што изјави во едно интервју минатата година, најсреќен бил додека работел како перач на садови во ресторан.
– Бев несреќна душа, со огромни проблеми, прво со хероинот, а потоа и со крекот. Повредив, разочарав многу, многу, многу луѓе и многу жалам поради тоа. Тоа е срам со кој мора да живеам – изјави Бордејн во интервју за „Гардијан“ минатата година.
Како што пренесоа медиумите, Бордејн се самоубил, обесувајќи се во хотелска соба во Франција.
– Кога го разледувам своето голо тело во огледало, нема што многу да се види. Изгорениците и белезите избледеа после 14 години, пред да почнам да работам на телевизија. Останаа повредите од сервирање ракови и шкампи, но и тие се повлекоа. Патувам 250 дена во годината, во форма сум, немам веќе проблеми со алкохолот и секој ден тренирам џиу-џицу – раскажуваше Бордејн.
Тој беше американски готвач, автор и тв-лице кој стана еден од највлијателните готвачи на светот.
– Кога го гледате она што јас редовно го гледам, тоа ви го менува погледот на свет. Поминав толку многу време во земјите во развој, ја фатив војната во Бејрут, бев во Либерија, Конго, Ирак, Либија и сфатив дека работите многу брзо може да тргнат на лошо – рече Бордејн.
Бордејн беше роден во Њујорк во 1965 година и многу брзо развил склонот кон литературата и рок-музиката. Во младоста почнал да рработи во рестораните во Њу Џерси, каде што подоцна ќе стане и главен готвач во еден престижен ресторан.
– На девет години првпат бев во Франција, каде што на момчињата во недела им беше дозволено да пијат разредено вино и да пушат цигари. Но, родителите мене и брат ми се оставила во автомобилот пред „Ла пирамид“ додека тие беа внатре. Се вратив и им побарав остриги и јадења кои им беа одбивни и станав вистински авантурист на вкусовите – раскажува во интервјуто Бордејн.
Како што вели во интервјуто за „Гардијан“, станал делумно задоволен кога почнал да работи во кујната како перач на садови.
-
Бев срамежлив, непивлечен тинејџер. Но, во тоа опкружување немаше некои филозофски прашања. Се миеја садовите и тоа беше се. Работев брзо и си ја завршував рабоата. Колегите ме третираа како човечко суштестово и тоа ми беше најаважно. Дента кога ме унапредија да работам на фритеза бев пресреќен – изјави Бордејн во интервјуто за „Гадијан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст