Филмот „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски синоќа беше прикажан во киноклубот „Отец Паисиј“ во бугарскиот град Созопол, во рамки на 8. Меѓународен франкофонски фестивал „Солеј“ и како дел од проектот „Поврзување“ на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Филмот неодамна имаше специјална проекција и на 6. Фестивал на европскиот филм „Златна липа“ во Стара Загора, каде присуствуваше и режисерот Тренчовски како член на меѓународното жири.
Како што соопшти продукцијата „Револушн“, на 25 јуни филмот ќе биде прикажан и на Интернационалниот филмски фестивал во Равно Село, основан од познатиот актер Лазар Ристовски, а во август ќе биде прикажан во Локарно. Продолжува и дистрибуцијата на филмот низ градовите во Македонија и од утре ќе се прикажува во Домот на културата во Радовиш.
Досега филмот е прикажан на сите континенти, учествувал на 23 фестивали, освоил 10 награди и го виделе над 80 000 гледачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


