Францускиот весник „Монд“ пишува дека на Самитот во Софија лидерите на земјите членки на ЕУ разговарале за можноста за отворање мигрантски кампови во државите од балканскиот регион, со што би се спречиле бегалците и мигрантите да влегуваат на територијата на Унијата, објави во денениот број францускиот весник „Монд“.
Идејата, според весникот, потекнува од Данска и Австрија, две земи кои имаат европскептични и антимигрантски влади. На 5 јуни, данскиот премиер Ларс Локе Расмусен најави дека е во разговори со австрискиот колега Себастијан Курц, чија земја на 1 јули го презема претседавањато со Унијата, за создавање нов систем за азил во ЕУ, чија централна точка би било „отворање заеднички центри за прием и протерување“.
Со други зборови, објаснува „Монд“, тоа би биле еден вид кампови каде ќе се задржуваат мигрантите кои немаат право на азил, а не можат брзо да бидат вратени назад.
Иако Расмусен не кажа јавно каде би се отвориле тие кампови, францускиот весник „од сигурни извори“ дознава дека станува збор за Албанија или Косово.
Данскиот премиер изјавил дека е „во контакт и со други европски лидери“ и дека е „оптимист“ за проектот.
– Разговорите всушност се воделе на Самитот во Софија на 17 мај помеѓу 28-те земји членки и пет држави од Западниот Балкан, тврди „Монд“, додавајќи дека плановите на Виена и Копенхаген им се презентираат и на другите земји членки на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст