| четврток, 6 декември 2018 |

Пет задолжителни парчиња облека за ова лето

Модните уредници ги препорачуваат овие петзадолжителни парчиња облека за летово.

Миди памучни фустани на широки или тенки прерамки

Широките памучни фустани се како создадени за високите температури. Не постои подобар материјал од памукот, а моделот е ептен трендовски, согласни се уредниците. Секогаш е подобро на лето да одберете посветли бои, бидејќи така ќе ги одбиете сончевите зраци. Исто така, овие модели се многу едноставни за комбинирање. Доволно е само да ги надополните со рамни сандали или платформи, плетена чанта и златни обетки!

Ленено палто и куси панталони или здолниште

Летото е единствено годишно време кога навистина може да изгледаме шик во секој момент, а тоа може да ни го обезбеди ленен комплет во боја на песок или маслинова боја кој се состои од куси панталони и палто. Маица од свила, патики или еспадрили и дискретен накит одлично ќе го надополнат овој изглед.

Миди фустан со тропикал дезен

Моделите на фустани со оваа должина ќе ја нагласат женствената нота кај секоја дама, а овој дезен ќе ве развесели. Миди одлично се согласува со сандали на висока потпетица, но и со равни сандали.

Бели фармерки

Летната сезона го диктира трендот, а тоа се белите фармерки кои може да ги комбинирате со свилена слип блуза или боди во риги.

Влечки

Рамни, на блок-потпетици, сите доаѓаат предвид. Убаво стилизирани, одлично се комбинираат со секое парче, а препорака е се комбинираат со широки панталони.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top