| четврток, 6 декември 2018 |

„Најзгодниот затвореник“ доби бебе со богатата наследничка на Topshop (Фото)

Џереми Микс и Клои Грин добија син. Моделот, кој се прослави низ светот со фотографијата од неговото приведување и беше наречен „најзгодниот затвореник“, и богатата наследничка на Тopshop објавија дека момчето ќе се вика Џејден Микс-Грин.

Парот ја објави веста со фотографија од рачињата на новороденчето.

Пред само две недели, папараци фотографии од двојката потврдија дека Клои е бремена.

Тие се во врска околу една година. Во јули минатата година за првпат беа фотографирани заедно откако Микс ја остави сопругата и започна афера со Грин. Џереми стана интернет хит во 2014 година, благодарение на фотографија направена при неговото приведување во полиција. Тој беше уапсен и осуден поради поседување на огнено оружје, но неговите криминални постапки не беа пречка за тој да придобие илјадници женски обожавателки. Големата популарност му донесе работа како модел.

Jeremy Meeks makes an appearance in court in Stockton, CA on Friday, June 27, 2014.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top