| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници работници пред отказ, Заев со министерска група ќе ги решава проблемите со текстилниoт кластер

Во интерес на изнаоѓање решение кое ќе биде во корист на работниците и на работодавачите, Владата ќе оформи министерска група која заедно со текстилниот кластер ќе ги разгледа отворените прашања. Веруваме дека ќе дојдеме до решенија, ова го вети владата на Заев за решавање на проблемите со кои се сочува текстилната индустрија.

Владата и до сега покажа дека е подготвена да излегува во пресрет на барањата на работниците и работодавците во текстилната индустрија, преку покачувањето на минималната плата и преку овозможувањето на активните мерки за директна помош и поддршка за компаниите, со цел да се обезбедат повисоки плати. Една од тие мерки е и проектот за поддршка на порастот на платите во трудоинтензивните дејности, во износ од 30% од порастот за оние работодавачи кои ги покачиле платите до 18.000 денари“ се вели во соопштението од Владата.

Текстилниот кластер најави отпуштања на илјадници работници поради минималната плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top