Во текот на денешниот петочен ден територијата на нашата држава ќе потпадне под влијание на циклонот Луцијан па така ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец, објавува „Метеомакс“.
Времето ќе биде стабилно, многу топло и спарно се до доцна попладне кога атмосферата ќе се дестабилизира и ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат застапени во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.
Нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места ќе продолжи и утре (сабота) кога повторно ќе има услови за локално невреме.
Температурите на воздухот нема премногу да се менуваат и ќе останат многу високи и летни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст