Денеска во Владата точно напладне ќе се одржи првиот од серијата Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации, со назив
„Практики на соработка меѓу Владата и граѓанските организации – како да се подобриме?“.
Како што информираат од владината прес-служба, на првиот отворен ден ќе се дискутираат постоечките добри практики и механизми за соработка меѓу Владата и граѓанските организации, а во дискусијата ќе учествуваат премиерот Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претседателката на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Фани Каранфилова – Пановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст