| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски на кафе дружба со граѓаните од Куманово (фото)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Куманово, каде оствари средба со голем број луѓе.

Тој посетата на Куманово ја искористи за кафе дружба со граѓаните на овој град.

Претседателот на најголемата опозициска партија кажа дека Куманово е град неоправдано занемарен од Владата, а дека станува збор за град кој е значаен за нашата земја.

-Имаме тежок период зад нас, преполн со неисполнети и изневерени очекувања. Имаме работа со Премиер кому не му е тешко да лаже и да манипулира. Ветуваа 500 евра плата, повисоки пензии, поврат на ДДВ, работа за младите, подобро здравство и што уште не. Единствено што добивме се само лаги и ништо повеќе. Економијата тоне и додека Зоран Заев ветуваше живот, бројките покажуваат најмал економски раст во Европа од 0.1 осто. Познавајќи со кого си имаме работа и нивната неспособност за создавање, а исклучителна способност за да излажат, сигурно и за тој 0.1 осто раст излажаа, а во реалноста тој сигурно е цврста НУЛА. И додека се фалат со некаков зголемен буџет не кажуваат дека тој буџет се полни благодарение на странските инвестиции донесени од претходната влада, кои Евро Заев толку многу ги напаѓаше и сега ми е јасно зошто тоа го правеше, затоа што кога инвестициите се во прашање тој само ги признава оние со камионите на Вицето, плантажите со марихуана на картелот на власт, државните тендери за фамилијарните бизниси, напиша Мицкоски на Фејсбук по средбата со кумановчани.

Посочува дека тие влегуваат во неповратен процес каде повеќе од сигурно е дека народот ќе ги стави на темната страна на историјата на оваа земја.

-Она што ние можеме да го направиме и заеднички ќе го постигнеме е преку консултација со граѓаните да изработиме и понудиме конкретни решенија за проблемите на граѓаните кои ќе бидат дел од новата програма. Дел од тие решенија кои ќе ги реализираме се поголеми плати во образованието до 50 осто, повисоки пензии за повозрасните за 40 осто, за достоинатвена и безгрижна старост, намалување на даноците, нов лик и преродба на македонското здравство, 500 тина загарантирани вработувања за дипломираните студенти и многу други проекти. И во време кога државата има толку многу неуспеси, кога гледаме дека има пазарења од Владата со честа и достоинството на народот, ве уверувам дека може и мора подобро. И дека Македонија ќе победи, пишува Мицкоски во својот статус на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top