| четврток, 6 декември 2018 |

Заев за телефонскиот разговор со Ципрас: Не се знае кога ќе се случи, краен рок за решение е 25 јуни

Премиерот Зоран Заев изјави дека се прецизираат последните детали за прашањето со името и штом заврши тоа, владите на Македонија и Грција ќе излезат со детали од разговорите и со резултатите од договорот. Заев рече дека последен рок е 25 јуни, кога треба да се одржи и седницата на Советот на Европа, а со цел деталите од договорот да се испратат до парламентите на земјите членки на ЕУ. Заев додаде дека е важно договорот да биде содржаен и траен.

-Би сакал утре, 8 јуни ако е можно, ако може и денеска, вечерва. Имаме период до саљмитот, европскиот самит т.е. европскиот совет кој ќе се држи 28 и 29 јуни, пред тоа претходи советот на Европската Унија, тоа е делот на министрите за надворешни работи, на 25 и 26 јуни. Тие се отприлика роковите.Имајќи в предвид дека земјите членки треба да знаат ние навистина итаме ден поскоро тоа да го направиме – вели Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top