| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Грција испорача дополнителни барања – бара прво промена на Устав, па покани за НАТО и ЕУ

Во исчекување на телефонскиот разговор Заев – Ципрас со нови моменти кои би го закочиле преговарачкиот процес денеска повторно на својот фејсбук профил се огласи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски повикувајќи се на свои извори.

Милошоски кој најпрвин излезе со информација дека премиерите денеска или утре ќе се сретнат во Преспа сега вели дека процесот е закочен бидејќи Грција доцна синоќа доставила нови два услови за пакетот.Како што пишува на профилот меѓу новите барања е јазикот да не се пише како досега што беше во ОН туку да е заверен под латинично македонски без никаков превод. Второто барање е и менувањето на уставот на Македонија да не биде после испорачаната покана за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ, туку Македонија прво да организира референдум со позитивен исход истовремено да го смени уставот за потоа да очекува да биде поканета.

Од Владата денеска не сакаа да ги коментираат овие информации кои како што велат немаат официјален карактер и остануваат на веќе кажаното во изминатите денови. Сепак ова ниту го негираа ниту потврдија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top