Сериозни разлики во Владата. Наспроти вицепремиерот Бујар Османи и премиерот Зоран Заев кои велат дека од решение не делат часови или денови за министерот Никола Димитров не треба да се брза. Квалитетот на текстот на договорот и потребата од постигнување на трајно и одржливо решение прифатливо за двете страни, се далеку поважни од потребата процесот да се финализира во каков било рок, информира денеска Министерството за надворешни работи.
Од таму наведуваат дека во овој исклучително деликатен момент во процесот за надминување на разликата околу името меѓу Република Македонија и Грција домашната и меѓународната јавност треба да бидат информирани дека Република Македонија посакува и интензивно работи да биде најдено решение на спорот што побрзо по моќност до претстојниот состанок на Европскиот совет на крајот на месецот, воедно укажувајќи дека за вака значајни прашања не треба да се брза. Квалитетот на текстот на договорот и потребата од постигнување на трајно и одржливо решение прифатливо за двете страни, се далеку поважни од потребата процесот да се финализира во каков било рок, се вели во соопштението од МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст