Девојка вчера била нападната од лице на околу 25 години во општина Центар. Девојката која на Фејсбук е потпишана Тамара Д., во статус пишува дека лице на околу 25 години се обидело да ја силува, а дека таа не била прв ваков случај во општината и апелира на внимание за да не случи уште еден ваков напад.
-Вчера бев нападната пред влезот на мојата зграда од страна на лице што најверојатно беше од ромска националност, на околу 25 години, висок околу 175-180 сантиметри. Се обиде да ме силува, беше соблечен, меѓутоа на среќа успеав веднаш да избега, но во полициска станица ми кажаа дека јас сум петта жртва и дека во периодов се случиле уште 4 случаи, а еден случај бил многу посериозен од мојот. Споделете за да се расчуе дека во центар циркулира опасен човек и би сакала да не се случи уште еднаш ваков напад, пишува девојката Тамара на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.