Со задоволство може да соопштам дека како парламентарни партии постигнавме консензус за предлагање и усвојување закон кој е од исклучително значење за граѓаните на Република Македонија, рече денеска на прес-конференција Соња Мираковска, пратеничка од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, во однос на законот за отпишување камата за наплата на долгови.
Како што рече Мираковска, законот обезбедува отпис на затезна, односно казнена камата, која се однесува на главниот долг и на трошоците на постапката за комунални дејности, електрична, топлинска енергија, вода и смет, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување заеднички простории, наводнување и одводнување земјоделско земјиште, вклучувајќи ги и трошоците на постапката од страна на должникот.
Како што наведе таа, станува збор за проблем со кој граѓаните се соочуваат од 2011 година кога извршните предмети од судовите се пренесени кај нотарите, а потоа тие завршуваат кај извршителите.
„Во тој процес најголеми жртви се граѓаните кои се соочија со огромни затезни и казнени камати за предмети за кои не биле ни свесни дека постојат ниту, пак, дека има предлози за присилна наплата. Ова законско решение е дел од политиките што ги спроведува парламентарното мнозинство, а кои значат решавање на проблемите и унапредување на животниот стандард на граѓаните на Република Македонија“, истакна Мираковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


