| четврток, 6 декември 2018 |

Универзитетот на Рамиз Мерко – пералница на дипломи

Меѓународниот универзитет во Струга работи како пералница за дипломи – констатираат просветните инспектори. Според последните сознанија утврдени при претходната инспекција од Државниот просветен инспекторат, повеќе од 900 студенти учат без нострифицирани документи. Освен студентите, инспекторите утврдиле дека и професорите предаваат со невалидни дипломи, а меѓу нив го посочуваат и актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, објави Макфакс.

Просветните инспектори што ја проверувале документацијата на Универзитетот се сомневаат дека поради вмешаност на високи владини функционери, судии и нотари, се толерира незаконското работење на овој приватен факултет.

– Ваквите напади дојдоа зашто отворено се констатира дека актуелниот градоначалник Рамиз Мерко има докторска диплома од Нови Пазар, која не е нострифицирана и тој добива научно звање доцент и вонреден професор – вели инспекторот Ѓорѓи Илиевски.

Тој заедно со својот колега од Државниот просветен инспекторат вчера бил нападнат на Универзитетот при обид за инспекција. Од Универзитетот денеска не беа достапни за коментар, а одговор не добивме ниту од градоначалникот Мерко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top