| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на „Црвена Ѕвезда“ се простија од прерано починатиот Драган Крстев (Видео)

Навивачите на Црвена Ѕвезда, популарно наречени Делии, денеска на градските гробишта Бутел во Скопје, се простија од нивниот пријател Драган Крстев, во навивачки дух, со навивачка песна и со запалени факели.

Видеото е објавено на официјалната ФБ страница на Спона-Културно-информативен центар на Србите во Македонија.

Драган Крстев (24) од скопската општина Кисела Вода почина вчера додека играл фудбал на едно од игралиштата во населбата. Момчето се пожалило дека му е лошо и паднало на земја, по што веднаш била повикана брза помош. Лекар, кој бил присутен во близина се обидел да му пружи прва помош, но момчето не покажувало знаци на живот.

Крстев бил член на навивачката група „Комити“. На групата „Комити Кисела Вода“ на Фејсбук е напишано:

„Нашиот пријател и другар – Драган Крстев, ненадејно го напушти овој свет. Голема трагедија и огромна загуба. Драган беше поим за верност и знаеше како треба да се сака еден клуб. Сочувство до неговата фамилија и најблиските. Почивај во мир, пријателе…“

ако.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top