| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена црквата „Свети Димитрија“ во Теарце

Непознати сторители извршиле кражба во црквата „Свети Димитрија“ во Теарце, при што одзеле 20 илјади денари. Кражбата се случила во периодот од недела до среда оваа седмица, информираа од СВР Тетово, а случајот во полиција бил пријавен вчера од страна на Ф.С.(55) од Теарце.

Според нејзината пријава, откако сторителите насилно ја отвориле влезната врата од црквата од нејзината внатрешност одзеле четири свеќници, два послужавника, три позлатени крстови и 200 денари во апоени од пет и 10 денари по што незабележани од никого ја напуштиле црквата причинувајќи вкупна материјална штета која се проценува на 20 илјади денари.

Полицијата извршила увид во црквата и презема мерки и активности за расветлување на пријавеното и за откривање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top