| четврток, 6 декември 2018 |

Одбиени нивите и куќата на Села како гаранција за Алими да излезе од притвор

Куќата и нивата во струшкото село Ливада на лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, не се доволна гаранција за Абдулфета Алими – обвинет за 27 април, да излезе од притвор и да се брани од слобода, пишува Плусинфо.

Според порталот, гаранција која пратеникот ја приложи била одбиена од кривичниот совет, но решението сѐ уште не е правосилно бидејќи одбраната има право на жалба до Апелациониот суд во Скопје.

Одбраната на Алими ќе се жали на второстепениот суд, чија одлука ќе биде конечна.

Инаку, Абуделфета Алими е еден од 30-те обвинети за крвавиот упад во Собранието, каде беше како дел од собраниското обезбедување.

Тој е еден од они кои го спасија Села кој беше крвнички претепан. На 27 април, Алими го евакуирал по лидерот на Алијансата на Албанците од приземјето до канцеларија на третиот кат, а потоа учествувал и во неговото изнесување од Собранието до полициското возило со кое Села бил пренесен во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top