| четврток, 6 декември 2018 |

Економски дебакл: Растот на БДП од само 0,1 % доказ дека Владата нѐ доведе до провалија

На официјалната страница на Државниот завод за статистика излегоа информациите за растот на БДП во првиот квартал. Имено, според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2018 година е 0.1 %.

Ова се катастрофални резултати, исто како и лани во првото тримесечје од годината каде растот на БДП беше 0%. Економистите велат дека ова се должи на слабата економска активност и намалувањето на градежништвото и сите други гранки во македонската економија. Понатаму, и реализацијата на капиталите инвестиции во првото четиримесечје беше под 11% што исто придонесе за слаб резултат во првиот квартал што се однесува до БДП.

Експертската јавност предупредуваше дека вака слабото работење на новата влада ќе се одрази на економијата и на стандардот на граѓаните. Колку за споредба БДП во првите квартали бил значително повисок од 2013 до 2016 година. Така во првиот квартал во 2016 година БДП имал раст од 2% додека во 2015 година за истиот квартал растот бил 3,2% . Во 2014 годин пак растот на БДП за првиот квартал изнесувал високи 3,9 % а во 2013 година македонската економија имала раст во првите три месеци од 2,9 %.

Македонската економија доживува катастрофално слаби резултати. Експертите велат дека ако се продолжи со вака слабото темпо на работење, БДП и во наредниот период нема да бележи добри резултати а тоа значи уназадување на економијата и пад на и онака нискиот стандард во државата. Тие стравуваат дека со вакви резултати тешко дека ќе се постигне проектираниот раст на БДП за 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top