„Грција значи Македонија“ и „Рацете подалеку од Македонија“, порачаа демонстрантите на улиците во Грција на синоќешниот протест.
На улиците на најголемите градови на северот од државата протестираа, противејќи се на предлогот на Владата за прашањата за македонското име.
Најмалку 20 000 луѓе се собрале во Пела, како што велат Грците во центарот на античка Македонија во кој се родил Александар Велики.
„Ги повикуваме соседите кои не ја познаваат историјата да дојдат, да ги посетат нашите музеи и археолошки наоѓалишта и да видат дека Македонија е грчка“, порача пред насобраниот народ градоначалникот на Чалкидона, Јоанис Цукнидас.
Протести се одржаа истовремено во уште дваесетина градови во покраината Македонија, на северот од Грција, а помали протести беа одржани и на грчките острови Крета, Родос, Крф и Кос.
Грчките медиуми денеска оценувајќи ги позитивно протестите од вчера, најавуваат нов протест кој наводно е закажан за 8 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст