Британскиот таблоид „Сан“ ѝ одброи на Македонија претставувајќи ја како дел од Бугарија. Мапата со која е илустриран текст кој нема врска со Македонија ниту со геополитиката на Балканот, но многу зборува за тоа како Британија гледа на состојбите на Балканот.
Картата го илустрира текстот на „Сан“ за случајот со кравата Пенка од Бугарија, осудена на смрт, која го привлече вниманието на европската јавност. На неа е прикажана маршрутата што ја минало животното пред да стане „персона нон грата“ во Бугарија.
„За среќа на домашните националисти, земјата ни се распостила повторно до Охридското Езеро и се граничи со Албанија и со држава, која според картава се вика Кососво“, пишува бугарскиот портал офњуз.бг во текстот насловен „Весникот „Сан“ го реши спорот за името: Ја присоедини Македонија кон Бугарија“.
Грешката на „Сан“ се слушува во многу чувствителен период, во исчекување на телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, кој треба да го изначи крајот на преговорите.
Случајот на кравата Пенка

Станува збор за бремена крава, сопственост на Бугаринот Иван Харалампиев од Копиловци, која треба да се породи за три месеца. Нејзиниот смртен грев е тоа што на 12 мај заскитала од стадото и преминала од Бугарија во Србија, која не е членка на Европска унија. Бугарски официјални лица изјавија дека Пенка мора да биде убиена поради строгите правила на ЕУ.
Ветеринарката што ја прегледала утврдила дека кравата е во добра здравствена состојба по нејзиното враќање во Бугарија, но официјални лица изјавија дека таа може да шири болести и тие треба да го следат движењето на домашните животни.
Говедата мора да бидат регистрирани со ветеринарно-здравствен сертификат при влез во Унијата. Документите треба да бидат потпишани од официјален претставник во земјата која не е членка на ЕУ и мора да се придружува животното на патот до ЕУ кога тоа ќе биде пријавено за влез.
„Таа ги напушти границите на Европска унија и не може на ваков начин, сама, да се врати назад во ЕУ“, слегнува со рамената сопственикот Харалампиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


