| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕијас: Грција го призна македонскиот јазик пред 39 години

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас ја обвинува опозицијата дека предходно прифатила признавање на македонскиот јазик, а сега се противи на договор за името ако во него има “Македонија”.

-Тие на конференција на ОН во 1977 година прифатија јазикот на Скопје да се вика македонски. Оттогаш е ставен на листата на официјалните јазици на ОН, каде што стои до денеска. Наместо да се самокритикуваат, тие пцујат. Не се работи за нивно слепило, туку за откровение, пишува Коѕијас за македонскиот јазик и односот на Нова демократија кон името.

Грчки премиер во 1977 година е Константинос Караманлис, основачот на Нова демократија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top