Грчкиот весник денеска шишува дека „Та Неа“ се очекува да има брзи промени во преговорите за името на Република Македонија.
Република Северна Македонија, име без превод на англиски јазик. Овој предлог е ставен на маса пред македонскиот премиер Зоран Заев, кој продолжува во преговорите со Грција да тргува со нашето уставно име.
Додека македонската Влада молчи, кај нашиот јужен сосед гласно се зборува за текот на преговорите.
Одговорот на Зоран Заев дали прифаќа конечниот грчки предлог што беше договорен во Њујорк, меѓу Димитров и Коѕијас ќе го покаже патоказот во текот на случајот.
Како што пишува грчкиот весник доколку одговорот на Заев е позитивен на конечниот грчки предлогот кој се случи во Њујорк, тогаш македонскиот премиер ќе има телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Доколку пак Македонија не даде позитивен одговор во текстот се вели дека тогаш преговорите ќе пропаднат и двете земји ја пропуштаат шансата да најдат договор, особено во ова време.
Ваквиот предлог за смена на нашето уставно име без превод на англиски јазик, е целосно губење на суштината. Ова не е сложено име за кое ни рекоа дека преговараат.
Напротив, доколку Заев го прифати предлогот, на Македонија ќе и биде сервиран комплетно нов идентитет.
Македонската јавност во исчекување на тоа до каде премиерот може да оди во овие, за нас, штетни преговори.
Нивната нетрпеливост се должи на фактот што Заев неколку пати ги менува своите изјави и ставови, а веќе покажа дека договара промена на уставот иако ветуваше дека тоа нема да се случи.
Дополнително, по децении преговори, македонскиот премиер “климна со главата“ за ерга омнес решение, кое секако е нешто што граѓаните не го прифаќаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


