| четврток, 6 декември 2018 |

Принцезата Шарлот тргнала по стапките на баба ѝ Дијана: Светот ја обожава!

Второто дете и единствената ќерка на принц Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон, принцезата Шарлот, е вистинска миленичка на јавноста. Со секое нејзино појавување таа сите ги воодушевува, а сигурни сме дека уште повеќе ќе ја засака светот кога ќе дознаат дека тргнала по стапките на нејзината покојна баба, омилената принцеза Дијана.

Младите наследници на британската круна уште од рано детство се зафатени со разни хобија што се сметаат за соодветни за нивниот статус и класа. Токму затоа, сите кралски деца кога ќе тргнат во градинка запишуваат и дополнителна активност за да ја развијат својата креативност, но и спортски способности.

Принцезата Шарлот, средното дете на војводата и војвотката од Кембриџ, во јануари оваа година тргнала во ексклузивната градинка Вилкокс, сместена во близина на Ројал Алберт Хол. Градинката се плаќа 10 илјади евра годишно за утринска, а нешто повеќе од 6 илјади евра за попладневни смени. Тригодишната принцеза има неколку дополнителни активности, како што се грнчарство, поезија и танц.

Мајка и’ Кејт Мидлтон во една прилика открила дека најмногу го сака танцот.

„Апсолутно го обожава“, изјавила Кејт.

Малата принцеза ја наследила љубовта кон танцот од својата баба што немала прилика да ја запознае, а која цел живот се занимавала со разни танци.

Но мора да признаеме и дека нејзините родители досега се покажале како луѓе кои го сакаат добриот ритам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top