Владата го одбрани вториот докторат на генералниот секретар, Драги Рашковски. На прашањето за валидноста на вториот докторат на генералниот секретар Рашковски, портпаролот Миле Бошњаковски рече:
– Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски има одбранет докторат, поднесен докторат и тој има завршен докторат. Вториот докторат исто така му е завршен. Генералниот секретар е именуван функционер во Владата и не постојат погрешни инфромации на вебот – рече Бошњаковски.
Димитар Апасиев од Левица обвини дека Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски лажел дека има два доктората. Според него, Рашковски во своето ЦВ кое е објавено на страната на Владата пласирал лажен податок за своето образование.
Апасиев: Рашковски ја излажал Владата дека има два докторати
„Имено, од јавно објавениот Билтен на УКИМ бр. 1149 еден месец подоцна, т.е. на 30 јуни 2017 (на стр. 30) – се гледа дека Рашковски во моментот на избор на функцијата немал ниту објавена Одлука за прифатена тема за докторска дисертација, што е иницијална фаза за докторирање – а камоли „одбранет докторат“!? Според Правилникот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за трет циклус студии, во најдобар случај, меѓу објавениот наслов на дисертација и јавната одбрана на истата поминува една до две години“, напиша Апасиев на Фејсбук. Тој вели дека до денеска Рашковски го нема одбрането докторатот, ниту пак има добиено позитивна рецензија за истиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст