| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија вечерва: 26-годишно момче починало во Кисела Вода додека играло фудбал

Дваесет и шестгодишно момче починало вечерва во Кисела Вода додека играло фудбал. Момчето се пожалило дека му е лошо и паднало на земја, по што веднаш била повикана брза помош.

Лекар, кој бил присутен во близина, се обидел да му пружи прва помош, но момчето не покажувало знаци на живот.
Лекарите од итната медицинска помош се обиделе да го реанимираат момчето, но тоа и понатаму не покажувало знаци на живот, по што е констатирале смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top