| четврток, 6 декември 2018 |

Вицепремиерот Анѓушев обвинет за “координирање на киднапирање”

Холандскиот производител на никел „Кунико“ го обвини Македонскиот вицепремиер Кочо Анѓушв за „координирање“ на акција за „киднапирање“ на активата на компанијата. Ова го тврди компанијата во обвинението кое го потегна портив девет компании и четири лица вмешани во зделаката

Вицепремиерот Кочо Анѓушев пред суд во Амстердам е обвинет за координација на киднапирање на имотот на фирмата Кунико со седиште во Амстердам, Холандија, пишува ФД, пренесува Експрес.мк.

Компанијата Кунико, светски гигант во бизнисот со никел, пред судот во овој град поднесла тужба против 9 фирми и 4 физички лица меѓу кои и вицепремиерот Анѓушев, објавуваат холандските медиуми.

Кунико обвинува за завера и побарува 20 милиони евра отштета од вкупната сума од 100 милиони евра вкупен криминал во Фени индустри, пишува ФД.

Тројцата сопственици кои контролираат 90 насто од компанијата Кунико тужат затоа што сметаат дека со помош на нелегални активности Вицепремиерот Анѓушев како координатор заедно со сопственикот на 10 % од акциите на фирмата израелскиот бизнисмен Бени Штајнмец ја одзеле компанијата во Македонија без да имаат правна основа за тоа.


Штајнмец неодамна излезе од Затвор во Израел каде беше поради измама.

Две македонски банки кои се обвинети дека се дел од заговорот преку своите адвокати ги отфрлиле обвинувањата за учество во криминални активности во случајот Фени индустри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top