| четврток, 6 декември 2018 |

Грците разгоруваат војна на јазиците: Бугарскиот е јазикот на Скопје

Бугарскиот јазик e јазикот на Скопје, изјави професорот по лингвистиката Јоргос Бабиниотис, при гостување во емисијата „Добра ноќ, Грција“ на телевизијата „Антена 1“.

Професорот сакаше му одговори на министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, кој во телевизиско интервју со грчката државна телевизија ЕРТ во понеделникот вечерта зборуваше дека претходните грчки влади во минатото го покревале прашањето за признавање на македонскиот јазик. Бабиниотис повторно ги негираше овие изјави, истакнувајќи дека тој бил присутен на конференцијата за јазични прашања во Скопје.

-Јазикот на Скопје е бугарски идиом и можеме да го наречеме бугарско-словенски или бугарско-српски, изјави професорот, истакнувајќи дека не може да се нарече „македонски“.

Бабиниотис истакна дека се обидува да даде аргументи за владата, во услови на преговори за името, истакнувајќи дека не може да даде аргументи за Скопје.

-Не постои признавање на „македонскиот јазик “. Ако го прифатиме „македонскиот јазик“ за Скопје, тоа ќе биде трагична грешка, рече Јоргос Бабиниотис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top