| четврток, 6 декември 2018 |

Екипата на Сител спречена да влезе во Пела (Видео)

Поради безбедносни причини екипата на Сител телевизија денеска е спречена да влезе во Пела, централното место каде грчкиот народ ги одржува протестите против името Македонија. Според јавувањето во живо во дневникот во 19 часот од страна на полицијата на новинарот и снимателот не им е дозволено влез во градот Пела со образложение дека подобро е да отидат во Солун, бидејки е побезбедно за новинари од Македонија. Претходно во 16 чаост Сител имаше јавување и од Солун.

Во продолжение погледнете го разговорот на Полицијата и македонската новинарска екипа.

Стотици грчки граѓани денеска започнаа да се собираат на протести против терминот “Македонија”. Вечерва се протестира во десетици градови во Грција.

Портпаролот на грчката влада, Ѕанакопулос, соопшти дека протестот е свето право на граѓаните, но оти во овој случај Владата ја бранела националната линија. Овој пат, Грчката православна црква не даде официјална поддршка како за протестите во февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top