| четврток, 6 декември 2018 |

Во 24 града Грција со протест ја „брани“ Македонија

Денеска, во 24 града Грција со протест ја „брани“ Македонија. Ширум Грција, се оддржуваат серија паралелни протести за како што велат „одбрана на грчкиот карактер на Македонија“.
Освен првично најавените 13 градови, собири денеска има на вкупно 24 места низ цела Грција. Во меѓувреме, министерството за надворешни работи смогна сили упати предупредување до македонските државјани кои денеска планираат преку автопатот пријателство да патуваат во Грција, да ги избегнуваат местата на одржување на најавените протести за „грчкиот карактер на Македонија“ во 14 поголеми градови во северниот дел од државата заради потенцијална можност од нивна ескалација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top