| четврток, 6 декември 2018 |

Бучковски: Немам коментар

Засега не се откриваат имињата на сите оние кои ја сочинуваат новата партија која треба да се промовира во мај

Новата политичка партија предводена од поранешниот премиер и лидер на СДСМ Владимир Бучковски е планирана подолг период. Во неа не се само членови на СДСМ туку и независни стручњаци, интелекуалци, кои не биле припадници на ниту една политичка партија.

На овој нов политички субјект му се приклучиле лица што не се согласуваат ниту со политиката на власта ниту со таа на опозицијата. Деталите околу новата партија ќе бидат попознати по 16 февруари, до кога ќе се знае дали СДСМ ќе настапи или ќе ги бојкотира изборите.

– Немам коментар – вака накусо ни изјави Бучковски на нашето прашање за формирањето на новата партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поврзани вести

Top