На едно место може да изгледаш како џуџе, а на друго како џин. Влегуваш во соба со огледала и се гледаш себеси низ 200 прикази. Влегуваш во лифт без дно, што ќе сториш? Одиш низ тунел кој нема крај. Одиш по шини и те прегазува воз. Седнуваш да јадеш и си ја гледаш својата глава во чинија. Вистина е сево ова или илузија?
Од денеска во Скопје почна со работа Музејот на илузии „Илузиум“. Сместен е во центарот на Скопје, на три ката и моментно е најголем на Балканот. Вакви музеи веќе има во регионот и тоа во Љубљана и Загреб, а неодамна беше отворен музеј на илузии и во Белград. Музеи на илузии има во сите светски градови, како Њујорк, Виена, Париз…
Музејот нуди забава за сите возрасти, од најмалите, до највозрасните, кои во „Илузиум“ може да се пронајдат како деца. Музејот има и водичи кои ќе водат посетителите низ авантурата. Во „Илузиум“ нема скапи уметнички дела, но има многу постери со илузионистички елементи, а има и посебни амбиентални делови – лилипут рум каде што сѐ е со намалени димензии, опозит рум – просторија во која подот е всушност на таванот, мирор рум – соба полна со огледала.
Ќе биде отворен секој ден од 8 до 20 часот и е наменет за сите.
фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст