Денешното рочиште за предметот на СЈО, „Шамари во Центар“ на кое како сведоци од страна на СЈО беа повикани само советниците од СДСМ во тоа време, кои доказното рочиште го претворија во политичка расправа. Еден од главните сведоци на СЈО, тогашната советничка Цветанка Симоновска својот исказ го базираше врз инсинуации и чисти претпоставки.
По 15 минутната пауза што ја одреди судијата, на среде вкрстено испрашување на сведокот на СЈО Цветанка Симоновска од страна на одбраната и обвинетите, таа си замина. Симоновска наводно имала работа па судијата ја ослободи. По ова реагираа адвокатите, како и обвинетиот Никола Груевски кој бараше да се врати сведокот на испитувачката клупа со цел да се исцрпат сите прашања.
До сега не се случило ваков преседан, сведок на сред испрашување да ја напушти судницата. Но, со оглед на тоа како госпоѓата Симоновска се однесуваше во салата и и беше дозволено, не одговарајќи на прашањата на адвокатите, или пак на прашање одговарајќи со прашање, а се случи и доректна навреда кон обвинетиот Александар Трајковски велејќи му:”Не ми се обраќај со госпоѓа Цветанка, не сме паселе овци заедно”, не е чудно што од страна на советот и беше дозволено да го напушти рочиштето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст