Тим Данкан доби покана да биде дел од НБА ол-стар тимот на западната конференција во Хјустон, идниот месец, што му овозможи на крилниот центар на Сан Антонио да се приклучи во топ-петте кошаркари со најмногу настапи на шоуто.
За Данкан тоа ќе биде 14. дружба со звездите од НБА, бројка идентична на настапите на легендарниот Мајкл Џордан. Пред нив е триото Коби Брајант, Кевни Гарнет (двајцата ќе играат во Хјустон) и Шекил О`Нил. Рекордер е Карим Абдул Џабар со 19 учества на овие натпревари.
Данкан ќе биде резерва, заедно со клупскиот соиграч Тони Паркер, а во Хјустон за тимот на западната конференција ќе играат и Џејмс Харден, Дејвид Ли, Лемаркус Олдриџ, Зак Рендолф и Расел Вестбрук.
Стартната петорка е: Крис Пол, Коби Брајант, Кевин Дурент, Блејк Грифин и Двајт Хауард.
За НБА звездите од источната конференција натпреварот ќе го почнат Ражон Рондо, Двејн Вејд, Леброн Џејмс, Кармело Ентони и Кевин Гарнет.
Од клупата за резерви шанса ќе чекаат Тајсон Чендлер, Жоаким Ноа, Луол Денг, Брук Лопес, Пол Џорџ, Кајри Ирвинг и Џру Холидеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст