По „Њујорк тајмс“, сега и светски познатото списание „Нешенл џиографик“ ја прогласија Галичката свадба за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа!
Претходно, магазинот „Њујорк тајмс“ одреди девет европски фестивали кои им ги препорачува на секој турист. Меѓу нив е и нашата Галичка свадба.
Галичката свадба или Петровденската Галичка свадва — манифестација која се одржува секоја година на Петровден (12 јули) во селото Галичник на Бистра. Богата е со многу единствени свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, пиштат зурлите и ечат тапаните на тешкото, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод. Тие придружници на печалбарите на овој крај на Македонија, секогаш ја најавуваат Галичката свадба која е со најмногу сватови. Галичката свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите. Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од Галично семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.