Сезоната на венчавки започна, што значи дека паровите од целиот свет се во последната фаза од подготовките од, како што многумина велат, најромантичниот ден во животот.
Еден од трендовите кои ги воодушеви младенците ширум светот се т.н. „пица бидермаери”.
„Пица букетите” се најновиот тренд помеѓу младенците ширум светот, а креаторот на овие необични букети за свадба е компанијата “Villa Italian Kitchen”.
Како што кажува самото име, секој бидермаер како и украс за ревер се направени од пица цветови кои рачно ги изработува њујоршкиот стилист за храна Џеси Берден. Секој цвет на бидермаерот е направен од свежо тесто, моцарела, калифорниски домат и лути пиперчиња.
– Многу сме возбудени што пред сезоната на венчавки го претставивме првиот пица букет на светот, како и украс за ревер. Овие вкусни цветни акцесоари се совршени за парови кои сакаат пица и сакаат да ја зачинат својата венчавка со овој симпатичен дизајн – вели Мими Вундерлих, директор за комуникација и дигитален маркетинг на “Villa Italian Kitchen”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст