Децата од предучилишна возраст вршат секојдневен увид дали се исправни чешмите и казанчињата во тоалетите и дали разумно се користи водата во градинките „Срничка“ во општина Аеродром.
Во градинката „Срничка“ веќе втор месец се спроведува проект со кој децата уште од најмала возраст учат за значењето на водата како материја – каде ја има, зошто е важна за животот на луѓето, растенијата и на животните и зошто е важно да се штеди водата. Со проектот, насловен „Водата е сино злато“, децата од градинките се поттикнуваат самите да предлагаат начини како да се штеди водата.
Eкопатрола составена од деца од предучилишна возраст редовно врши увид дали се исправни чешмите и казанчињата во тоалетите и дали водата се користи разумно од децата и од вработените. Друг дел од групата, изработува пораки и правила за користење на водата, кои се истакнати во сите простории во градинката.
„За своите напори во одржувањето на чиста и здрава околина за живеење, добиваат и потврда – сертификат – од разни институции во државата кои ги подржуваат и охрабруваат ваквите иницијативи“, вели Атинула Ничова, раководителка на интрегрираното еколошко обрзование во градинките во општина Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Бамби се роди во скопската зоолошка градина
-
Полуматурантите во понеделник и вторник ќе се запишуваат во средните училишта
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…