| четврток, 6 декември 2018 |

Ленче Ристоска: СЈО не си заминува

Се надеваме дека надлежноста на СЈО ќе биде проширена на случаите од висока корупција. СЈО и понатаму ќе отвора истраги. Потребно е законско решение за измена на законодавството за да се осигури дека СЈО ќе има трајна основа за продолжување за својата работа, порача обвинителката Ленче Ристоска на конференцијата организирана од Институтот за европска политика ЕПИ, за поглавјето 23.

Таа рече дека имале голем број предистражни постапки со меѓународен елемент и сето тоа го одолжувало моментот за одлуки.

„Иновативноста што ја донесе СЈО, новите концепти на тимска работа и мултидисциплинарен пристап на истрагите ние првпат ги промовиравме. При еден ваков пристап мошне важно е да има инклузивност и соработка со сите институции. Најзначајната карактеристика на СЈО е токму автономијата. СЈО ги поседува потребните капацитети за борба против криминалот и реформите нема да бидат целосни ако не се опфати и СЈО“, рече Ристоска.

Ристоска изјави дека се задоволни што биле одобрени 15 обвинителни акти: „Имаме започнато судења за најголем дел од обвиненијата. Имаме пресуди за 14 обвинети лица“. „Се надеваме дека надлежноста на СЈО ќе биде проширена на случаите од висока корупција. СЈО и понатаму ќе отвора истраги. Потребно е законско решение за измена на законодавството за да се осигури дека СЈО ќе има трајна основа за продолжување за својата работа“, изјави обвинителката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top