Но, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во синоќешното интервју за грчката телевизија ЕРТ рече дека на маса се останати три имиња, Северна, Горна и Нова Македонија, објаснувајќи дека македонската страна го отфрлила Вардарска Македонија, а познато е дека уште на стартот на преговорите Атина го отфрли Република Македонија (Скопје). Тој не сакаше да открие кое е договореното име и рече дека „тоа е вклучено во пакетот и ќе треба да го објават двајцата премиери). Коѕијас, исто така не одговори дали името е Северна Македонија, како што се шпекулира во медиумите.
Што се однесува до договорот, тој кажа дека е на 20 страници, а на прашањето дали има можност да се направат промени во него, рече дека „сѐ што требаше да се направи, е направено“ и објасни дека со неговиот македонски колега, министерот Никола Димитров на средбата во Брисел, до раните утрински часови одново го разгледале договорот завршен два дена претходно во Њујорк и стигнале до промените што требало да се направат.
Според Коѕијас, и кај двете влади има волја да се најде компромисно решение, нешто што е нормално во меѓународните односи.
-Мислам дека раководството на ПЈРМ носи многу тешка и правилна одлука за која е потребна голема политичка храброст, голема политичка зрелост и мислам дека тоа го покажуваат и ќе го покажат. Исто така, мислам дека ги објаснуваат и придобивките што постојат за нивната страна, изјави Коѕијас.
Тој уште објасни дека ако договорот се склучи набргу, во македонското Собрание ќе стигне во следните седмици, референдумот веројатно би бил на есен, додека пак по референдумот, би се направиле уставни промени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст