| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен оглас за нови привремени членови на ДИК

Оглас за нови членови на Државната изборна комисија за следните шест месеци е објавен денеска во весниците. Ова ќе биде привремен состав на Комисијата, бидејќи до есен се очекува да биде изготвено новото изборно законодавство, со кое ќе биде опфатен и составот на ДИК. Огласот трае осум дена.

Според правилата, Претседателот и двајца членови на ДИК ќе треба да бидат од опозицијата, а партиите на власт треба да предложат потпретседател и тројца членови. Членовите ќе ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Засега нема информации кој ќе биде во составот на ова привремено изборно тело. Партиите се уште не ги соопштуваат можните кандидати, ниту, пак, има информација, каква ќе биде поделбата на местата кај владејачките партии на Албанците ДУИ, Беса и ДПА. Но, БЕСА е поделена на две крила и не се знае на која албанска партија од опозицијата ќе припадне едно место. Алијансата за Албанците сметаат дека местото им припаѓа на нив, но за крилото БЕСА на Билал Касами кои останаа во опозиција, тоа би било преседан. Инаку, членовите на последниот состав на ДИК си поднесоа оставки, со исклучок на претставничката на Беса, откако во јавноста беше обелоденето дека земале големи надоместоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top